1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште еден ден за отстранување на српските барикади

17 октомври 2011

Србите на Косово добија уште еден ден да ги отстранат барикадите од локалните патишта на северот на земјата. КФОР соопшти дека претставниците на српските општини побарале дополнително време за да ги отстранат барикадите.

https://p.dw.com/p/12t9c
Војници на КФОР пред српските барикади во северно КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Командантот на КФОР на Косово, Ерхард Древс го одложи за еден ден најавеното отстранување на барикадите на косовските Срби од локалните патишта на северот на Косово. КФОР соопшти дека претставниците на српските општини побарале дополнително време за да ги отстранат барикадите, откако претходно им беше поставен рок до денеска.

Претходно беше соопштено дека војници од КФОР ќе ги отстранат барикадите денеска, доколку Србите во Северно Косово одбијат да ги отстранат доброволно.

Erhard Drews
Командантот на КФОР, германскиот генерал Ерхард ДревсФотографија: DW

Генерал Древс го одложи до вторник испраќањето доставки храна за силите на КФОР, распоредени по граничните пунктови, за да им даде уште време на граѓаните на Северно Косово да ги отстранат барикадите.

Во саботата генералот побара безусловен и постојан пристап до границата и предупреди дека во понеделник силите на НАТО ќе ги отстранат барикадите на мирен начин, доколку Србите не го сторат тоа.

Автор: БГ/СН/бета

Редактор: Жана Ацеска