Ученички од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ ја основаа компанијата „Stop the spread“ и создадоа производ со кој ја креваат јавната свест за превенција од Ковид-19. Крајот на годината значи и менување на менаџментот на компанијата. „Ова би му дошло како семеен бизнис“, вели професорката Лидија Стојчева, која го придружува процесот.