1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

По 30-тина години извршена реплантација на рака

ДТЗ
19 јули 2021

Ваков вид операција на Клиниката не е извршена  изминативе триесетина години, велат од Министерството за здравство по комплексната интервенција на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

https://p.dw.com/p/3wgYm
Arm Transplantation
Фотографија: picture-alliance/ dpa

54-годишниот Џафер Алија, кој работејќи со моторна пила си ја отсекол десната подлактица, од денеска повторно ќе може да ја користи раката. Медицински тим на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија му ја реплантираше десната рака на Џафер кој се повредил пред месец и половина. На Клиниката бил примен во тешка состојба, но сега се чувствува добро. 

„Неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи“, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој изутринава го посети Џафер по операцијата. 

Ваков вид операција на Клиниката не е извршена  изминативе триесетина години. Оваа комплексна интервенција е изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот бил во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје.