Успешен старт на Германија
9 јуни 2008Реклама
Германија ја совлада Полска со 2:0 на премиерниот настап на Европското првенство во Швајцарија и Австрија. Ова е прва победа за Германците на ЕП по 12 години. Стрелец на двата гола за германската репрезентација на натпреварот во Клагенфурт, беше Лукас Подолски. Претходно домаќинот Австрија загуби од Хрватска со 1:0.
Инаку полицијата синоќа уапси повеќе од 140 германски хулигани кои скандираа со десноекстремистички пароли и ги провоцираа полските навивачи.
Денеска на програмата се натпреварите Романија - Франција и Холандија - Италија.