1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успехот во Авганистан е придонес и во борбата против терорзмот

31 март 2004

Денеска во Берлин започна меѓународната конференцијата за Авганистан. Германскиот канцелар Герхард Шредер ја искористи можноста да ја потврди ветената помош за земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карсаи најави засилени напори во борбата против производството на дрога.

https://p.dw.com/p/AdG3
Почеток на конференцијата/Шредер-Карсаи
Почеток на конференцијата/Шредер-КарсаиФотографија: AP

Германскиот канцелар Шредер во говорот на отворањето на конференцијата на која присуствуваат преку 700 пратеници од 56 земји, вети поддршка за Авганистан од меѓународната заедница. Мирен Авганистан е знак за надеж за сите нас, рече Шредер кој ја истакна позитивната улога на Обединетите нации во смирувањето на ситуацијата во земјата. На конференцијата, рече натаму Шредер, треба да се разговара за тоа каков треба да биде прилогот на меѓународната заедница за да му се помогне на Авганистан на патот кон безбедна иднина.

“На донаторската конференција во Токио пред две години Германија вети помош за обновата на земјата од 320 милиони евра. За наредните две години ние повторно ќе ставиме на располагање исто толкава сума“.

Лакдар Брахими, одговорниот на Обединетите нации за Авганистан кој на конференцијата го застапува генералниот секретар на светската отганизација Кофи Анан, посочи дека земјата се наоѓа на кртсопат. За да се постигне мирна иднина и обнова на земјата, според Брахими, мора да се разоружаат различните милиции во земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карсаи ја замоли меѓународната заедница за помош во борбата против производството на дрога кое, како што рече, ја поткопува егзистенцијата на Авганистан.

“Ќе направиме се што е во наша моќ да го ликвидираме тоа зло: поостри закони, уништување на полињата со афион и лабораториите, затворање на каналите за дрога. Меѓутоа, нам ни треба и помош од меѓународната заедница за да го спороведеме нашиот план“. Во продолжение, зад затворена врата започна работна седница за комплексот “Политички развој“. Конференцијата продолжува утре.