Усвоен буџетот за следната година
24 декември 2012Скратени се само три милиони евра, во согласност со 44 амандмани што претходно ги предложи опозицијата, а владата ги прифати.
„Аплаузот го заслужуваат граѓаните на Република Македонија“, изјави претседателот на Собранието, Трајков Велјановски.
Законот е усвоен без присудство на пратениците од опозицискиот фронт на СДСМ и без присуство на новинарите. Против новиот буџет гласаа четворицата пратеници од ДПА, кои останаа во салата.
Надвор од Собранието продолжуваат протестите и контрапротестите, со обиди на полицијата да спречи близок контакт на двете групи кои постојано се зголемуваат. Со мали исклучоци, вработените од државната и јавната администрација добиле налог да се приклучат кон протестите за поддршка на власта.
Медиумите во соседството им посветуваат големо внимание на протестите во Скопје.