Управување машини со помош на мисли
4 мај 2012Една млада жена ја контролира играта на еден автомат само со силата на своите мисли. Она што изгледа како сцена од некој научно-фантастичен филм, на индустрискиот саем во Хановер е реалност. Германската фирма Фесто демонстрира како во иднина би можеле да се контролираат индустриските постројки.
„Идејата е во иднина машините да ги контролираме со мислите, а рацете во работниот процес ќе бидат слободни. Пронајдовме апликации кои ја надминуваат техничката област и можат да се применат во медицината. Слично како кога пред 30 години почна експериментирањето со управување преку глас“, вели Хајнрих Фронцек од фирмата Фесто АГ.
За еден робот со некој вид далечинско управување претставен на саемот во Хановер веќе постојат апликации. Операторот ги контролира движењата со својата рака, која е во специјална ракавица. Таквиот робот, на пример, би можел да работи во радиоактивно загадени области, како на пример, во Фукушима. Операторот во ракавиците чувствува кога раката на роботот ќе фати нешто прецврсто и може да врши корекција.
Фирмата Фесто е пионер за вакви технологии. Сепак, комуникацијата меѓу човекот и машините е една од темите која во индустријата ќе стане реалност дури во иднина.