Упасени напаѓачите врз „алфа“ специјалците!?
21 декември 2008Реклама
Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на прес-конференција во Скопје изнесе повеќе детали за опсежната акција, во која беа приведени вкупно 20-тина лица. Против три од нив е покрената истрага за директно учество или помош во извршувањето на нападот против специјалците од единицата „алфи“. Трагата што ги одведе полициските сили до можните извршители одела преку автомобилите што биле користени за нападот. Во нив се најдени форензички докази за вмешаност на трите лица во деликтот. Повеќе детали чујте од следниот прилог.