Украдените слики на Пикасо пронајдени во Париз
8 август 2007Реклама
Француската полиција пронајде три слики на Пабло Пикасо украдени на крајот на февруари годинава. Во Париз се уапсени три лица, под сомнение дека ги украле делата. Двете уметнички слики и еден цртеж имаат вредност од повеќе од 50 милиони евра, а беа украдени од стан на внука на Пикасо.