Убиeни терористи во Ирак
10 септември 2007Реклама
Американската армија според сопствени извори ги убила одговорните лица за два терористички напада на северот на Ирак, во средината на август. Сојузникот на Ал Каеда Абу Мохамед Ал Аафри, според американски извори, загинал при воздушен напад југозападно од градиот Мосул. Се смета дека Ал Аафри планирал и раководел со напади врз две села на религиозната заедница на Јесидите. При самоубиствените напади биле убиени повеќе од 400 лица. – Ал Каеда инаку ги смета Јесидите за неверници.