Убиен гувернер на ирачка провинција
20 август 2007Реклама
Гувернерот на провинцијата Мутхана, Мохамед Али Ал хасани во јужниот дел на Ирак беше убиен утринава во бомбашки напад . Тројца негови придружници се потешко повредени. Претходно на 11 август , беше убиен и гувернерот на провинцијата Кадашија . Двајцата гувернери беа членови на Врховниот Иисламски совет на Ирак . Неговите членови се борат со припадниците на милицијата Махди на радикалниот шиитски свештеник Муктада ел Садр , околу контролата врз јужниот дел на Ирак кој е богат со нафта.