Убиен воениот командант на либиските бунтовници
29 јули 2011Реклама
Главниот воен командант на либиските бунтовници, Абдел Фатах Јунес, е убиен вчера заедно со двајца негови помошници. Тие биле застрелани од група вооружени лица на патот кон градот Бенгази. Тоа го соопшти претседателот на Преодниот национален совет на Либија, Мустафа Абдул Џалил, додавајќи дека лидерот на групата што го извела атентатот е веќе уапсен.
Јунес е поранешен министер во владата на Гадафи, кој реши да им се придружи на бунтовниците. Тој во Бенгази требаше да биде распрашан околу сомневањата дека преку членови од семејството се` уште одржува контакт со либискиот лидер.
Автор: ТТ/ дв
Редактор: Симе Недевски