1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убедливо мнозинство против косовските институции

16 февруари 2012

Србите во северно Косово на референдумот во изминатите два дена со огромно мнозинство се изјасниле дека не ги прифаќаат институциите на Косово.

https://p.dw.com/p/143wj
Гласање во Косовска МитровицаФотографија: picture-alliance/dpa

99,74 насто од граѓаните на општините Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ одговориле со „Не“ на прашањето „Дали ги признавате институциите на власта на таканаречената Република Косово?“. Само 69 гласачи се изјасниле спротивно на тоа. Излезноста на референдумот изнесувала околу 75 проценти. Конечните резултати ќе бидат соопштени на 19. февруари.

Референдумот беше организиран и покрај критиките на Западот и Белград, кои подвлекоа дека тој ќе им наштети на националните интереси на Србија и најмногу на нејзините амбиции да почне процедура за приклучување кон ЕУ.

Плебисцитот нема да има законска сила, бидејќи нема да биде признат од меѓународната заедница, Косово и дури и од Белград, забележуваат агенциите.

Резолуција во косовскиот Парламент со која не се признава референдумот

Пратениците на косовското Собрание пак вчера изгласаа резолуција со која референдумот во четирите општини во Северно Косово се прогласува за незаконски и неважечки.

„Од референдумот не произлегуваат никакви правни и политички ефекти и поради тоа е неважечки. Собранието на Косово ја поттикнува српската заедница во северниот дел на земјата да се ангажира за остварување на сеопфатниот предлог за решавање на статусот на Косово“, се наведува во резолуцијата.

Во документот се потенцира и подготвеноста за заштита и почитување на сите меѓународни конвенции кои ги гарантираат слободите и правата на граѓаните како правата на малцинствата.

Во резолуцијата се посочува и дека референдумот е организиран од „паралелни структури кои се финансирани и раководени од Србија“ и оти истиот е насочен против независноата, сувернитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Автор: СН/ БГ/ дв/ миа/ бета

Редактор: Александра Трајковска