Убеден сум дека Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО
4 мај 2008Реклама
Турскиот претседател Абдула Ѓул, кој беше специјален гостин на самитот на ЦЕИ во Охрид, денеска имаше официјални разговори со македонскиот колега Бранко Црвенковски. Ѓул ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски. Македонија и Турција потпишаа и договор за соработка на полето на спречувањето, ограничувањето и олеснувањето на последиците од непогоди.