Турската влада избори поголема контрола врз судството
15 февруари 2014Турскиот парламент денеска (15.02.2014) го усвои контроверзниот предлог закон кој би можел да овозможи поцврста политичка контрола над постапката за именувањата на судиите.
За овој предлог закон се гласаше по предлогот на владата, којашто е заглавена во политичко-финансискиот скандал, а по размената на тешки навреди меѓу претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот и пратениците на опозицијата.
Непосредно пред гласањето и по повеќедневните тензии меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави привремено замрзнување на повеќе членови од контроверзниот текст со кој се реформира влијателниот Висок совет на судиите.
Во два наврата жестоката парламентарна расправа предизвика и тепачка меѓу ривалските страни.
Опозицијата го осуди предлогот закон кој последниот збор при именувањето на судиите му се дава на министерот за правосудството, тврдејќи дека е противуставен и дека неговата единствена цел е да ѝ овозможи на владата да ги попречи истрагите за коишто смета дека претставуваат опасност за неа. За да стапи на сила законот, уште треба да го потпише премиерот Ердоган.