1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турбулентни времиња за Фелипе Шести

Ханс-Гинтер Келнер / Александар Методијев19 јуни 2014

Воздржана е радоста поради новиот шпански крал. Расте недовербата во монархијата. Во средина на длабока институционална криза Фелипе седнува на кралскиот трон. Негова прва задача ќе биде да постигне консензус во земјата.

https://p.dw.com/p/1CLWB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Принцот Фелипе стапи на шпанскиот престол ноќеска на полноќ, откако кралот Хуан Карлос го потпиша законот со кој тој и формално абдицираше, предавајќи му ја круната на својот син.

„Распродадено!“ Со денови веќе Фран Перез го дава само овој одговор на луѓето кои се јавуваат во малата партија „Републиканска левица“, кога тие прашуваат: „Имате ли уште од знамињата?“ А, знамиња на Втората Шпанска Република, кои се во црвена, жолта и виолетова боја, веќе одамна ги нема никаде во Мадрид. Луѓето сакаат да ги закачат на своите балкони како протест против брзото крунисување на принцот Фелипе за нов крал на Шпанија. Фран Перез во тоа гледа потврда дека принцот Фелипе нема никаква поддршка меѓу народот. Всушност, во минатите неколку дена имаше бројни протести ширум земјата за продолжувањето на монархијата. Но, денеска, на самиот ден на крунисувањето, нема да се демонстрира, оти најавените протести се забранети.

Пред се’ двете најголеми народни партии се погрижија да обезбедат големо мнозинство во шпанскиот парламент за да се донесе закон со кој ќе се овозможи абдицирањето на Хуан Карлос и крунисувањето на неговиот син Фелипе. Референдум за државното уредување или, пак, за гласање за кралот, како што предлагаат многу мали партии, законот не предвидува.

Брзање за крунисување

Во Шпанија постојат репрезентативни истражувања на јавното мислење, според кои 60 проценти од Шпанците со задоволство би гласале. Сепак, резултатите од изборите би ги разочарале приврзаниците на републиката, бидејќи 49 проценти од Шпанците би гласале за монархијата и Фелипе, а само 36 проценти за републиката. Фелипе во анкетите е поомилен во споредба со неговиот татко. На скалилото од нула до десет Шпанците нему му даваат 7,3 поени.

Bildergalerie Spanien Königsfamilie
Кралската палата објасни дека странски гости не се канети поради мерки за штедењеФотографија: Cristina Arias/Cover/Getty Images

Како и да е, Фран Перез верува дека референдумот вистински би ја отворил дебатата за ова прашање. Портпаролот на приврзаниците на републиката забежува дека се’ се направи со многу брзо темпо. Буквално немаше ниту доволно време да се поканат странски државни гости, а портпаролот на кралската палата се обиде тоа да го објасни со штедење во најавената во парламентот церемонија за крунисување.

Фелипе треба да ја гарантира стабилноста

Брзаницата има една причина. „Оној кој го брани сегашното државно уредување го прави тоа помалку поради наклонетост кон монархијата, а повеќе поради загруженост за политичката стабилност“, смета Фернандо Валеспин, политиколог и директор на престижниот политички институт „Ортега и гасет“. Шпанското општество е во економска и политичка криза. Тоа го покажува и резултатот од изборите за Европскиот парламент, кога големите народни партии заедно не освоија ни повеќе од половина од гласовите.

„Дебатата за монархијата ја поларизира земјата дополнително, бидејќи таа се соочува со барања за отцепување на Каталонија, а во секој случај и со економска криза“, укажува Валеспин и додава: „Ако сега сум за Фелипе како крал, тогаш сакам да не’ поштедам од проблеми“.

Spanien Frau des Kronprinzen Felipe Letizia Ortiz 2003
Новата шпанска кралица Летиција е поранешна новинаркаФотографија: picture-alliance/dpa

Шпанија одамна не е политички стабилна, и покрај апсолутното мнозинство во парламентот на конзервативната партија „Партидо популар“ на премиерот Маријано Рахој. Според истражувањата на јавното мислење, денес ниту една од големите народни партии повеќе не би добила владино мнозинство. Единствена ѕвезда на политичката сцена е новата левичарска формација „Подемос“ („Ние можеме“). Оваа формација на изборите за Европскиот парламент дојде до речиси осум проценти. Нејзините основачи доаѓаат од опкружувањето на починатиот венецуелски претседател Хуго Чавез, кого тие го советувале. Тие предлагаат државните долгови, кои ги сметаат за „нелегитимни“, повеќе да не се плаќаат. Ако се вбројат многуте мали партии во левиот спектар, кои споделуваат вакви барања, тогаш се собира околу 25-процентна поддршка.

Фелипе треба да го врати консензусот

Поради тоа е неопходна една суштинска уставна реформа, верува социологот Валеспин. Тој е сигурен дека повеќе не може да се реши кризата околу Каталонија и длабоката разочараност на населението во партиите. Шпанија би морала одново да ја организира распределбата на политичката моќ и даноците, а распределбата на пратеничките места во парламентот би морала посилно да одговара на изборниот резултат. Ако по парламентарните избори следната година ниту една од големите народни партии не би можела да владее, тогаш таквата реформа е неизбежна. А, за неа е потребен голем уставен консензус.

Таквото повторно постигнување на консензус е голема задача за Фелипе Шести. Тој седнува во тронот во турбулентни времиња во земја во која речиси и да нема воодушевување од монархијата и во која енормно порасна недовербата во сите демократски институции.

Во 1978 година Шпанците гласаа за уставот и за Хуан Карлос, бидејќи тие со тоа тогаш гласаа за демократија. Овој ас Фелипе Шести денес го нема во рака. Нему во прилог сепак му оди желбата на Шпанците за политичка стабилност во земјата.