1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три српски општини на северот на Косово закажаа референдум

28 декември 2011

Одборниците на советите на општините Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток одлучија на 14 и 15 февруари да се оддржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали ги сакаат косовските институции или не.

https://p.dw.com/p/13arc
Српскиот дел на Косовска МитровицаФотографија: picture alliance/dpa

Одборниците во собранито на општина Косовска Митровица денеска (28.12.2011) на вонредна седница со мнозинство гласови одлучија за распишување референдум на 14 и 15 февруари на територијата на Косовска Митровица и општините Ибар, Партизанско брдо и Суви до.

„Со референдумот ќе покажеме дека народот кој живее на северот на Косово не сака да биде дел од косовските институции. Немаме намера да прејудицираме статус и да се издвојуваме , туку на дел од меѓународната заедница и на Албанците да им го избиеме изговорот дека Србите од северно Косово сакаат да се интегрираат и ги сакаат албанските институции , но дека против тоа се само претседателите на општините“, изјави претседателот на општината Косовска Митровица , Крстимир Пантиќ.

Иста одлука за формирање на општински комисии за референдум донесоа и одборниците во општините Звечан и Зубин Поток.

Во најсеверната косовска општина Лепосавиќ утре во 8 часот ќе се оддржат консултации со претседателите на одборничките групи во локалниот парламент за тоа дали и кога ќе биде оддржана седницата за референдум.

Автор: СН/АТ/бета

Редактор: Симе Недевски