1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамвајот „Скопје“ низ улиците на Дрезден

Силвера Падори9 март 2007

Од утринава на улиците на Дрезден вози трамвајот “Скопје". Свеченото крштевање на еден од серијата нови трамваи кои го доби збратимениот град на Скопје - Дрезден, вчера попладне сo сите нишани го направија претставници на македонската престолнина и градот домакин.

https://p.dw.com/p/AepF
Искуството од трамвајскиот превоз во Дрезден ќе се пренесе и во збратименото Скопје
Искуството од трамвајскиот превоз во Дрезден ќе се пренесе и во збратименото СкопјеФотографија: AP

Кога се крштеваат бродовите од нив се крши шише шампанско. Со кртевање на трамваите е малку поинаку,,но не помалку свечено и весело. Крштевањето на трамвајот во Дрезден беше во знак на германското шасмпанско - сект, со кој се полеа каросеријата, а кумовите здравицата ја испија до последна капка. Вакво сценарио на крптевката на трамвајот “Скопје” имаше вчера попладне во депото на градското транспортно претпријатие во Дрезден. Кумови беа претставници на двата веке 40 години збратимени градови Скопје ио Дрезден, а кумчето “Скопје” беше новиот жолт, светнат трамвај .

“Ова е сосема ново возило , производено од Бомбардер и едно од серијата од 30-тина кои ќе ги добиеме.Трамвајот е долг 30 метри со 6 мотори со по јачина од 85 киловати” - кажа пред гостите домакинот - директор на транспортното претпријатие Рајнер Цисшанк. Присутните ги поздрави и македонскиот амбасадор во Германија Ѓорги Филипов по што и градоначалникот на Дрезден Херберт Фесенмајер истакна дека граѓаните на Дрезден се исклучително задоволни со трамвајскиот превоз.

"Ви посакувам лесна рака” - весело му порача Фесенмајер на заменикот градионачалник на Скопје Костантин Димитров кој ја одлепи налепницата на оредната страна на транвајот под која стои грбот и името " Град партнер - Скопје". Костантин Димитров навистина имаше лесна рака. Фолијата ја отсрани за миг и забележа дека ова симболично крстење на трамвајот се поклопува со замислата и во Скопје да се воведе ваков вид транспорт. Според Димитров идејата за воведувањето трамвај во Скопје ќе придонесе како за подобрување на екологијата на градот, но ќе има и стопански ефект. Ќе обезбеди отворање нови работни места. Порадио тоа, Скопје смета на поддршката и искуството на Дрезден.

Првата тура на трамвајот Скопје беше ептен македонска. Возилото околу 3 километри први го возеа македонскиот амбасаор Ѓорги Филипов и градоначалникот Константин Димитров кои по вракањето во депото на транспортното претпријатие добија и сертификати за возачи на трамвај. Додуша сертификатите беа интерно доделени и почесни, но Димитров самопуверено забележа дека по заминувањето од факултетската катедра можеби ќе биде првиот возач на трамвај во Скопје.

Инаку трамвајот “Скопје од денес ќе вози на сите линии во Дрезден за што директорот Рајнер Цисшанк кажува ова ќе биде и прилика кај граѓаните на Дрезден да се разбуди љубопитноста и да го посетат градот на Вардар и Македонија.