Тешки борби во Либија
25 август 2011Со оглед на големиот број повредени, во болниците недостасуваат лекови. Лекарите говорат за делумно хаотична состојба. Се` уште не се знае каде е самиот Гадафи. Преодниот совет вети награда од приближно еден милион евра за оној кој ќе го ликвидира диктаторот, или ќе им го предаде на бунтовниците.
По заземањето на главниот град Триполи, либиските бунтовници побараа од меѓународната заедница да им одобри пет милијарди долари хуманитарна помош. Средствата можат да бидат обезбедени од замрзнатите банкарски сметки на либискиот режим ширум светот, истакна претставник на Националниот преоден совет на средбата на таканаречената контакт-група за Либија во Катар. На конференцијата учествуваат и претставници на Германија, САД, Франција, Велика Британија, Италија и Турција.
Автор: ТТ/АТ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска