Тенденции за отцепување од матичните држави во Европа
16 октомври 2012По повеќе од 300 години поминати како дел на Велика Британија, Шкотите во 2014. година на референдум ќе гласаат за независност на Шкотска. Договорот за референдум завчера на 15.10.2012 го потпишаа британскиот премиер Дејвид Камерон и шефот на шкотската влада, Алекс Салмонд. Тежнеењето на Шкотите да се осамостојат не е осамено во европското друштво.
Самостојност поради економски причини
Воочливо е дека пред се’ економски силните региони во Европа сакаат да се одвојат од матичните земји. Каталонија и Баскија остваруваат речиси една четвртина од шпанскиот Бруто општествен производ, иако опфаќаат помалку од 10 проценти од Шпанија. Добро позиционираниот север на Италија, Јужен Тирол како и градското подрачје на Милано не сакаат повеќе да го помагаат економски депресивниот југ на Италија. Шкотите сакаат за себе да ги задржат приходите од производството на нафта.
Посебно е сериозна ситуацијата во Белгија, каде фламанските сепаратисти се позаострено бараат одделување од француското говорно подрачје на југот. Без разлика на фактот што опфаќа една третина од белгискиот простор, Фландрија е одговорна за речиси 60 проценти од Бруто домашниот производ.
Зилке Гоч Елтен етнолог од германскиот град Кил вели дека желбата за независност од матицата, освен поради економски причини е заснована и на бројни други причини. Сите причини имаат заедничка цел дефинирање на сопствениот идентитет: „Јазикот, заедничката историја или култура. Голема улога можат да играат религијата и географските аспекти“.
Независност на етнички групи
Движењата за независност на западот и на југот на Европа пред се’ сакаат да задржат независност на етничките групи. Меѓутоа, тоа тежнеење, според меѓународното право, не им дава за право на сецесија против волјата на матичната држава, објаснува професорот Кристијан Хилгрубер од германскиот град Бон.
„Со тоа во голема мерка се согласуваат стручњаците за меѓународно право, освен ако поради грубото кршење на човековите права не дојде до геноцид, како што беше случај на Косово“, вели Хилгрубер.
Во некогашната српска покраина во 1998/1999. година во борбите на српските сили и Ослободителната војска на Косово (УЧК) беа убиени на десетици илјади луѓе.
Распаѓањето на поранешна Чехословачка се одвиваше на поинаков начин. Тој чекор 1994. спроведен е според претходен договор и на мирен начин.
Без оглед на нападите на сепаратистичките групи во Ирска и Траво Шпанија, адвокатот Кристијан Хилгрубер не очекува сериозни нарушувања во Европа како оние кои се случија во Еритреја, Источен Тимор и во Судан. Во одделувањето на Шкотска тој гледа друг проблем.
„Одделувањето ќе биде поврзано со поделбата на сопственоста и наобврските. На Шкотска нема да и’ биде одобрена независност ако не превземе дел од долговите на Велика Британија“, вели Хилгрубер.
Поради тоа би можело да се случи Шкотите да се задоволат со добивање на поголема економска независност без целосно одделување од Велика Британија.