Бојан Ковски е академски сликар, пионер во сликање на тело или body paint art. Сликарското платно го замени со човечкото тело, па така неговата уметност денес има дополнителна димензија. Ана Ежова е прв женски модел на Ковски. Таа ги искусила неговите почетоци кога акрилните бои едвај се ваделе од нејзиното тело, а денес ужива во секоја сликарска идеја.