1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тежок напад врз Французите

ЖА/дпа/ртре/афп9 јуни 2012

Скорото повлекување на француските војници од Авганистан е веќе завршена работа. Во самоубиствен напад врз конвој денеска (09.06) се убиени најмалку четворица Французи.

https://p.dw.com/p/15BKH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Заштитните трупи ИСАФ прво јавија за тежок напад врз НАТО во источниот дел од Авганистан, а многу бргу беа познати и деталите: погоден е конвој на францускиот контингент, одговорен за провинцијата Каписа. Има и голем број ранети, веста ја потврди и бирото на францускиот претседател во Париз.

Според портпарол на полицијата на Каписа, Ахмад Ахмадзаи, нападот бил извршен од напаѓач-самоубиец врз конвој на француските војници во округот Ниџраб во Каписа.

Одговорноста за нападот ја презедоа исламистичките талибанци, кои трвдат дека убиле дванаесет француски војници и четворица авганистански полицајци.

Франција инаку, веќе одлучи да повлече поголем дел од своите 3400 војници од Авганистан до крајот на оваа година, две години порано отколку што предвидува планот на НАТО. По повлекувањето, на Хиндукуш треба да останат околу 1400 припадници кои ќе вршат обука на авганистанските сили за безбедност. Неколку стотици од нив ќе останат до крајот на 2014.година, значи до конечното повлекување на меѓународните заштитни трупи, соопшти неодамна француското министерство за одбрана. Новиот француски претседател Франсоа Оланд на самитот на НАТО во Чикаго ги потврди плановите за повлекување.