1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Како да ги избегнеме лошите вести?

Хана Фукс
14 мај 2022

Докажано е дека лошите вести имаат поголем ефект врз нас отколку позитивните вести. Секаде околу нас се само застрашувачки информации. Како можеме да ги избегнеме?

https://p.dw.com/p/49UK2
Symbolbild | Doomscrolling
Фотографија: Thomas Trutschel/photothek/picture alliance

Телефонот како да се лепи за нашата рака и никогаш не останува мирен во џебот или на масата. Секој час посегнуваме по него за да видиме нешто којзнае колку важно: некој ни пишува, некој ни кликнал 'лајк', пристигнуваат вести. Додека се свртиме, поминуваме часови зјапајќи во екранот. Вестите се главно лоши, сите нè прават нервозни, лути или тажни.

На англиски, феноменот се нарекува Doomscroling. Терминот опишува бескрајно консумирање лоши вести, иако знаеме дека нашето прелистување пораки и вести не води до среќен крај. Doomscrolling стана модерен израз најмногу за време на пандемијата, напаѓајќи не од сите страни. 

Науката го знае сето ова долго време. Да речеме дека сме склони кон негативност (Негативна пристрасност), дека критиката повеќе не обзема отколку пофалбите. „Нашиот мозок ги обработува негативните зборови побрзо, подобро и поинтензивно, и затоа ги паметиме тие чувства подолго“, вели научникот Марен Урнер, која ги испитува тајните на човечкиот мозок.

Тој вели дека тоа има врска со еволуцијата. „Во времето на тигрите со сабја-заби и мамутите, една пропуштена негативна вест лесно можела да биде последна во нечиј живот“, додава Урнер.

Апликацијата не е тигар

Нашиот пра-мозок сè уште се обидува систематски да добие информации и да се заштити од несигурност. Сакаме да бидеме подготвени на сите закани. Парадоксално, колку повеќе сме информирани со лоши вести, толку повеќе се чувствуваме дека сме подготвени.

Има нешто во тоа: она што функционирало во ерата на мамут, не функционира во ерата на апликации. Бидејќи, тие се смислени за никогаш да не ги оставиме. Секоја од нив може бескрајно да се прелистува. Социјалните мрежи ни нудат награди, лајкови и ретвитови. Тоа ослободува допамин, па ние секогаш сакаме повеќе и повеќе.

Но, бидејќи има премногу лоши вести, нивото на серотонин познат како хормон на среќата опаѓа. Последиците можат да бидат исцрпеност, внатрешна напнатост, раздразливост, депресија, лош сон.

Тогаш стапува во игра хормонот на стрес кортизол - умерена количина не прави будни, посилни, побрзи во стресни ситуации. Но, постојано покаченото ниво на кортизол е штетно.

Така, додека го прелистуваме телефонот до (нашата) пропаст, честопати се движиме кон анксиозност, депресија и стрес. Студиите дури покажаа врска помеѓу количината на лоши вести што ги апсорбираме и сериозноста на симптомите слични на посттрауматско стресно растројство.

Хафингтон пост им наложи на психолози да спроведат мал експеримент. Тие заклучија дека испитаниците кои читаат лоши вести три минути наутро, потоа шест до осум часа имаат 27 отсто поголеми шанси да го опишат својот ден како „лош“. Групата која чита вести кои нудат решенија во 88 отсто од случаите изјавила дека денот им бил добар.

Мноштвото негативни вести ги прави негативни и нашите животни очекувања. „Затоа што живееме со слика на светот што е полоша отколку што навистина е светот“, вели Марен Урнер. Тогаш ниту депресијата, ниту кардиоваскуларните проблеми и дијабетесот не се далеку.

Изберете на што обрнувате внимание

Урнер ја истражува и улогата на медиумите во ова. А медиумите одамна знаат дека најлошата вест е најдобрата вест, носи читателска публика, гледаност, кликови и на крај пари. Старата мудрост е if it bleeds, it leads - колку е покрвава, толку е поголема веста.

„Новинарите секогаш треба да се прашуваат што да прават следно“, вели Урнер. Важно е да се опише проблемот, но и да се понудат решенија. Во теоријата на медиумите, ова се нарекува конструктивно новинарство.

И што можеме да направиме како корисници на апликации и публика за сите тие негативни вести? Марен Урнер вели дека за почеток треба да станете од кревет без веднаш да го фатите телефонот, да го вклучите радиото или телевизорот, „бидејќи така директно добиваме информации со пет или шест канали“.

Не постои волшебно решение, и секој треба да си најде своја рутина за да биде информиран, но не 24 часа на ден и не да се удави од лоши вести.

Некои совети би биле да им се посветува внимание на проверени медиуми, а пред се да се анализираат вестите кои се во заднината на настаните, место брзото, новото и бомбастично известување. Мудро е да ги исклучите известувањата на вашиот телефон, особено со апликациите за вести.

Па дури и ако може да си одредите некои определено време за информирање, да речеме половина час попладне или слично, место постојано да посегнувате по лоши вести.