1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајната служба потфрлила во скандалот со неонацистите

16 ноември 2011

Политичарите бараат санкции за тајната служба по скандалот со неонацистите. Министерот за внатрешни работи најави обединување на податоците за неонацистичката сцена и во иднина тие ќе се споделуваат на национално ниво

https://p.dw.com/p/13BL2
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Колеџот Илменау: во ова училиште за дошколување сакал Уве Мундлос, еден од тројцата осомничени терористи, кон крајот на 90-те години да матурира. Дека професорскиот син бил неонацист, во училиштето знаеле речиси сите.

Од 1997 година тој престанал да доаѓа на настава, веројатно во истиот период кога тој и неговите соработници Уве Бенхарт и Беате Чепе се радикализираат преку десницата во покраината Тирингија.

Но како било можно терористичката група да исчезне во Тирингија и покрај тоа што била набљудувана од тајните служби? Истражна комисија допрва ќе одговора на тоа прашање.

Тогашниот претседател на покраинската тајна служба, Хелмут Ревер признава дека истражните мерки потфрлиле.

„Истрагата требало да ја утврди локацијата на оваа тројка. Бил направен обид да се стори тоа во една многу комплицирана операција кој не успеал. Одговорноста за тоа е и моја“.

Што работеле службите?

Thema Zwickauer Terrorzelle rechtsextremistischer Terror in Deutschland
Фотографија: dapd

Покрај тоа, еден поранешен вработен во службата се претпоставува дека бил во близина на местата каде што тројката ги извршувала убиствата.

На пример, во Касел каде во април 2006. бил убиен еден Турчин вработен во интернет-кафе.

Членовите на парламентарната комисија за контрола на тајните служби во вторникот побараа да има консеквенции за припадниците на службите за безбедност.

„Јасно е дека тајната служба не си ги исполнила задачите. Тие потфрлиле“, изјави членот на Комисијата од редовите на Зелените, Ханс Кристијан Штребеле.

„Информациите за потенцијалното насилство на десните радикали морале порано да бидат разменети и анализирани“, вели Томас Оперман, претседател на Комисијата во Бунестагот од редовите на СПД.

Каква била улогата на тајните служби во целиот случај, јавното обвинителство се надева дека ќе дознае денеска од Беате Чепе.

Автор: Лена Баудах/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

Овој прилог е достапен и како видео на денот на нашата интернет страница.