Тајван – премиер
14 мај 2007Реклама
Чанг Чунксиунг е именуван за нов премиер на Тајван. Чанг досега беше шеф на преговарачкиот тим на Тајван за односите со Народна Република Кина. Досегашниот премиер, Су Ценгчанг, во саботата изненадувачки поднесе оставка поради тоа што не беше избран од страна на неговата партија за кандидат за претседател за изборите што треба да се одржат наредната година.