1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: Прашањето на премините Брњак и Јариње е завршено

8 октомври 2011

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека барикадите на северот на Косово ќе бидат отстранети постепено и без насилство. Според него, политиката на бaрикади најмногу му штети на српското население на Косово.

https://p.dw.com/p/12o9Y
Хашим ТачиФотографија: AP

Премиерот на Косово, Хашим Тачи, во интервју за викенд изданието на белградскиот весник „Данас“, оцени дека прашањето на спорните гранични премини кон Србија - Брњак и Јариње, е завршено. Тој смета дека барикадите поставени од Србите пред овие премини наскоро ќе бидат отстранети и тоа без насилство.

Тачи за „Данас“ истакна дека политиката на „барикадирање“ најмногу им наштетува на Србите во северно Косово и оти е бесполезна:

„Самоизолацијата на крајот води кон ропство на криминалци и на лажни патриоти, на кои сето ова не им е ништо друго освен привремена заработувачка. Жално е да се види дека тамошното население со барикадирањето, во обрачот на тие криминални структури, се доведе себеси во незавидна ситуација“, истакна Тачи.

Тој смета дека барикадите не можат да опстанат уште долго, бидејќи со секој нареден ден има се’ повеќе инциденти, ранувања и беззаконие.

Автор: СН/ЕМФ/бета/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска