Тадиќ: Србија не посредува во спорот за името
19 декември 2011„Би бил претенциозен да тврдам дека јас би можел да го решам тој проблем, како и да посредувам. Јас на тоа никогаш не претендирав. Тоа не е улогата на претседателот на Србија. Јас можам само да ја пренесам пораката во одредени околности, но тоа прашање во целост е во надлежност на македонската и грчката страна“, рече Тадиќ за „Дневник“.
Во врска со српско-македонските односи, Тадиќ рече дека во интерес на Србија е да се реши спорот меѓу српската и македонската црква. Тој додаде дека во повеќе наврати се обидувал тоа да се реши, на ниво на кое тој може.
„Јас сум само припадник на црквата, но во црквата не одлучувам“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека секогаш ги молел претставниците на црквата да пронајдат решение.
Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс
Редактор: Ж.Ацеска