Тага по крвопролевањето во Квета
17 февруари 2013По нападот во Квета, многу луѓе во текот на ноќта им подлегнаа на тешките повреди. Бројот на жртвите во меѓувреме се искачи на 81, објави портпаролот на полицијата Фајаз Саумбал. Уште 160 лица се повредени при атентатот, некои од нив се’ уште се во животна опасност.
Експлозијата се случи на пазар во предградие на пакистанскиот град Квета претежно населено со шиити, информираше висок по ранг истражител. Ова е еден од најтешките напади врз ова малцинство во поскорешното минато. Бомбата била складирана во воден резервоар, кој со трактор бил довезен на пазарот, изјави шефот на полицијата на Квета Зубаир Махмод. Од експлозијата се урнаа повеќе објекти и многумина од жртвите се наоѓаа под урнатините.
Сунитски екстремисти?
Гневните членови на малцинството Шиа протесистараа и блокираа улици со запалени гуми. Се’ уште не се знае кој е одговорен за нападот, изјави Махмод. Локалните медиуми меѓутоа известија дека сунитската екстремистичка група Лашкер-е-Јангви преку телефонски повик ја презела одговорноста за бомбата.
Квета е главен град на провинцијата Балуџистан. Шиитското малцинство таму изминативе месеци постојано беше цел на напади. Изминатата година, според податоци на организацијата за човекови праправа Хјуман Рајтс Воч во Пакистан, се убиени повеќе од 400 шиити, 125 од нив во Балуџистан.