Сузане Остхоф грабната во Ирак
30 ноември 2005Се уште не се познати грабнувачите, кои во петокот ја киднапираа Германката Сузане Остхоф и нејзиниот возач во Ирак. Во вторникот преку видео снимка доставена до првата германска телевизија беше поставен и политички ултиматум. Имено од Германија се бара да ја прекине соработката со ирачката влада, во спротивно киднапираните лица ќе бидат убиени.
Грабнувањето на Сузане Остхоф не е изненадување, најмалку таа знаела дека постојат закани за неа. Медиумите јавуваат дека Остхоф закани добила уште во октомври, но тоа не ја уплашило ангажираната жена.
Ирачките културни богатства се нејзиниот живот. Од нејзината младост Сузане Остхоф се интересира за ориентот, подоцна студираше археологија и научи арапски. Откако по војната во Ирак крадците го опустошија историскиот град Урук, таа се обиде барем да ги докумнетира нанесените штети. Сузане Остхоф на 28 мај 2003 година крај оштетните ископини на историскиот град Урук изјави
„Тие сега се лоцирани во надворешниот дел, но напредуваат кон средината, се е направено од плитари и неповратливо е уништено.“
За хуманитерниот ангажман на Сузне Остхоф, зборува Михаел Осанг, детски лекар кој исто така е знгажиран за помош на децата во Ирак
„ Уште тогаш се залагаше со голем ангажман и многу работа, во најтешките борбени денови цели камиони со помош внесуваше во центарот на Багдад, тогаш кога ниту една хуманитарна организаиција не беше во состојба да го стори тоа.“
Сега хуманитерниот работник стана жртва.