Судир на полицијата и салафистите во Тунис
19 мај 2013Реклама
Полицијата денеска се судри со салафистите во Тунис, како и градот Керуан, зашто властите забранија одржување на годишното собрание на движењето на салафистите - џихадисти во овие два града.
Салафистите, поради забраната на собирот, палеле автомобилски гуми и уривале полициски барикади, фрлајќи камења по полицајците кои одговориле со солзавец и пукање во воздух.
Полицијата го привела портпаролот на салафистите, Сејфедин Раис, кој во четвртокот изјави дека државата ќе ја сноси одговорноста ако дојде до крвопролевање поради забраната на собирот.
Во Тунис се во пораст ултраконзервативните муслимански движења, мешу кои се и салафистите.