1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО и натаму ќе биде гарант на мирот на Западен Балкан

БГ
13 март 2017

Генералниот секретар на воената алијанса претставувајќи го годишниот извештај за 2016 година ја потврди заложбата за евро-атлантска интеграција на земјите од Западниот Балкан

https://p.dw.com/p/2Z6bi
Deutschland Münchner Sicherheitskonferenz 2017
Фотографија: Reuters/M. Rehle

„НАТО помага да се одржи мирот на Западниот Балкан веќе повеќе од 20 години. Ќе продолжиме да бидеме гаранти на мирот и стабилноста во регионот. Затоа што тоа е важно и за нашата безбедност“, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во обраќањето по повод презентацијата на годишниот извештај за 2016 година.

„И ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите за евро-атлантска интеграција на Западниот Балкан. Затоа што тоа е клучот за стабилност и просперитет, во регионот и пошироко“, вели Столтенберг.

„Во 2016 година, ја отворивме вратата за Црна Гора да и се приклучи на нашата Алијанса и 25 сојузници веќе го ратификуваа протоколот за пристапување, со што се отвори патот Црна Гора да стане 29. земја членка, рече Столтенберг.

За време на посетата на Сараево, на почетокот на февруари годинава, Столтенберг соопшти дека НАТО им помага на балканските држави да ги подобрат своите разузнавачки и одбранбени сили за да се одбранат од странски, особено руски, политички влијанија.