1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Статусот на Косово доминираше и на економскиот форум во Дубровник

23 ноември 2007

Без политичка стабилност на Западен Балкан нема економски просперитет. Ова е закључокот од регионалниот економски форум во Дубровник на кој учествуваат претседатели на пет држави од регионот. Косово доминантна тема:

https://p.dw.com/p/CSC5
Статусот на Косово се пресели и во Дубровник

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во врска со прашањето Косово изјави дека треба да се опстои во пронаоѓањето прифатливо решение и за Белград, и за Приштина. Тој нагласи дека за Македонија е важно да дојде до стабилност не само на Косово, туку во целиот регион„

„ На 10 декември нема да има договор кој ќе го прифатат Белград и Приштина, тоа е јасно. Она што не е јасно е што ќе се случува на 11 декември и периодот потоа„ рече Црвенковски

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ смета дека по 10 декември нема да се случи ништо посебно, туку ќе почне процес кој трајно ќе го дефинира статусот на покраината. Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ беше повоздржан:

„ Сметаме дека најдобро одржливо решение е договорено решение„ изјави Вујановиќ

Независноста на Косово ја спомна единствено албанскиот претседател Бамир Топи. Тој предупреди на можна нестабилност во регионот доколку не биде постигната независност по 10 декември. Претседателот на претедателството на БиХ, Жељко Комшиќ, истакна дека за неговата земја е битно решението на статусот на Косово да не влијае врз состојбите во БиХ. „Нам не ни одговара одолговлекување на решението, зашто тоа долгорочно би било извор на нестабилност во целиот регион„, изјави Комшиќ, кој укажа и на неповолната политичка состојба во земјата:

„Иако сите политичари во нашата земја се согласни дека патот кон европските интеграции е единственото вистинско решение, некои упорно ги одбиваат рефромите за напредување на тој пат„.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во врска со актуелната ситуација во Босна и Херцеговина нагласи:

„Мора да се сфати дека ентитетите не се држави и дека ентитетите никогаш нема да бидат држави. Никакви закани со референдуми не можат да ја распаднат Босна и Херцеговина. Тоа се илузии„, рече Месиќ.

Европски пари за продолжување на реформите

Инаку во врска со економската соработа, од страна на Европската комисија е најавена финансиска поддршка за државите од Југоисточна Европа во висина од 3 ипол милијарди евра до 2011 година. Заменик директорот на агенцијата за проширување на Европската унија Јан Крушчински изјави дека тоа се средства што ќе можат да се користат преку предпристапните фондови на Унијата.

Тој подвлече дека Југоисточна Европа мора да остане на европскиот курс и укажа на проблемите што мораат да се решат пред се во областа на судството, јавната администрација и битката против корупцијата. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски изјави дека во регионот во последните десет години е создадена добра мрежа на соработка и дека земјите од Југоисточна Европа ги симнаа негативните стереотипи за Балканот.

„ Процесот на нашето интегрирање во ЕУ денес претставува автохтоно и речиси плебисцитарно барање на нашите граѓани, приоритет број еден за нас кои сме ја добиле одговорноста за истото. Претставува обврска да продолжиме со политиката за заедничка безбедност и стабилност со концептот на економски развој и целосно прифаќање на демократските стандарди. Конечно движејќи се кон ЕУ да успееме да се европеизираме самите ние тука на балканот„ рече Црвенковски

И покрај поканата, во Дубровник не допатува претседателот на Србија Борис Тадиќ.