Српското малцинство во Хрватска
19 октомври 2005Враќањето на протераните Срби во војната и дискриманцијата на малцинствата се проблеми за кои евро-комесарот за проширување Оли Рен се надева да бидат решени до 2009 година. Во Загреб деновиве се одржува конференција на ОБСЕ за правата на националните малцинства во Хрватска под наслов:„Уставниот закон за правата на националните малцинства – три години подоцна„. Потпретседателот на демократската партија на Србите, Милорад Пуповац е еден од учесниците и за Дојче веле укажува на вистинската состојба на наведените проблеми и за положбата на Србите во Хрватска:
Повикувајќи се на оценките на шефот на мисијата на ОБСЕ во Хрватска, Хорхе Фуентес, неделникот „Шпигел„ наведува дека повратниците често со недели мораат да живеат без струја и вода и дека условите за живот на многу семејства на повратниците се недостојни за човек. Пуповац укажува дека тоа е само еден од низата проблеми и објаснува:
О-Тон Пуповац
„Ние направивме се да создадеме позитивна атмосфера за решавање на проблемите на повратниците и за решавање на положбата на српската заедница во Хрватска. Од позитивниот однос кон про-европската политика на премиерот Санадер, поддршката за позитивниот одговор на ЕУ, до поддршката за члеснтво, зашто мислевме дека тоа е нешто што може да придонесе за позитивната атмосфера во која многу прашања потоа можат полесно да се решат. Меѓутоа, повеќе време се троши на надворешната промоција на Хрватска, на лобирање околу преговорите за членство, а многу помалку на она што е вистинска состојба на хрватскатото општество, вклучувајќи го и прашањето за враќање на бегалците и нивните животни проблеми. На пример, вели Пуповац, недозволиво е 4 илјади луѓе 5 години да чекаат да им се приклучи струја. Недозволиво е и тоа бившите носители на станарско право да не можат до денес да го решат својот проблем, иако државата одвои некои пари. Но, ниту еден стан не е купен или подготвен за оние што се пријавија, а ги има неколку илјади.
Независно од проблемот на враќањето, Србите што живат во Хрватска не ретко се дискриминирани. За ова Пуповац вели:
О-Тон Пуповац
„Постојат елементи на дискриминација, на пример при вработувањето. Ако од 300 вработени во општината каква што е Двор има само 7 припадници од српска националност, а тие таму се 60- процентно мнозинство, тогаш јасно се гледа дека и натаму е доминантна една наследена политика во тие сфери, колку и да се трудиме на политичко ниво да создадеме добра атмосфера и да ја промениме таквата состојба. Очигледно има многу отпори и нема соодветна политичка акција„.
И кога станува збор за правосудството, малцинствата се во неповолна позиција, пишува неделникот „Шпигел„ и дополнува дека националното потекло на жртвите и на обвинетите често, според наводите на посматрачите, има влијание врз пресудата.