1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српски план „Б“ за Косово

7 мај 2007

Денешниот „Франкфуртер Алгемајнецајтунг“ се занимава со иднината на Косово,односно со опцијата за негова поделба.Михаел Мартенс за српскиот план Б за Косово пишува:

https://p.dw.com/p/Ae3g
Војник на Бундесверот во Призрен
Војник на Бундесверот во ПризренФотографија: AP

Косово треба да остане цело,за тоа српската влада не остава простор за никаков сомнеж.Сите поголеми политички партии официјално одбиваат како независност на покраината во која живеат повеќе од 90 проценти Албанци,така и помислите за нејзина поделба.За тоа постојат добри причини,зашто ниту половината од Србите кои се останати на Косово не живеат во граничните подрачја кон Србија.Во нив живеат околу 40 илјади луѓе,додека 70 илјади според едни,а 90 илјади според други податоци,се населени во селски енклави распрскани низ цела покраина.Затоа на Косово постојат всушност две српски малцинства:српското население на северниот дел од покраината,кое може во случај на незавосност на протекторатот да биде политички управувано од Белград со дополнителни решенија,и Србите кои во енклавите би се нашле опкружени целосно од море од албанскиот народ,кој се доживува како непријателски.

Поради овие и слични причини може да се мисли дека владата во Белград нема никаков интерес за поделба на Косово.Но,под под површината на политичката реторика има и друго.Во Белград се позачестени се гласовите кои зборуваат за план Б за Косово макар и меѓу редови,пишува Франкфуртер Алгемајне цајтунг.

Бидејќи Србите територијалниот конфликт за Косово го загубија во минатиот,20 -от век,најпрво демографски,а потоа во 1999 година и воено и плитички,би морало да се спаси барем она што може,гласи лајтмотивот на овие барања.И владини политичари фаќаат приклучок кон ова гледиште.Тоа стана очигледно најпрво во август минатата година,кога Сандра Рашковиќ Ивиќ,одговорна за Косово во владата на премиерот Војислав Коштуница,даде интервју за ББС.Една од нејзините клучни реченици беше проценката дека ниеден српски политичар нема да потпише документ кој ќе предвидува независност на Косово.За волја на вистината,никој нема да бара од некој српски политичар да потпише Резолуција на Советот за безбедност на ОН или дури прогласување независност од страна на косовскиот парламент.Но,госпоѓа Рашковиќ Ивиќ во разговорот за српската програмана ББС најави подготвеност за компромис.Таа би била подготвена да прифати поделба на Косово,ако не може да се најде никакво друго подолгорочно решение.Кога националистичките медиуми во Белград се разлутија за оваа изјава,беше напревно она што е вообичаено во вакви случаи:портпарол на Демократскаат партија на Србија на премиерот Коштуница изјави дека владата останува на познатиот став,автономен статус за Косово,независност или поделба не доаѓа во прашање.Изјавите на госпоѓа Рашковиќ Ивиќ се извадени од контекст,беше речено.Следеше големо вчудовидување кога потоа Белградското радио Б 2 ја објави инегралната изјава на Рашковиќ Ивиќ,во која нема место за вадење од контекст,таа навистина го изјавила тоа што го изјавила.

Досега општеството одбива категорично идеја за поделба на Косово.Тоа е жешка тема осабено за националистите. Како цел тие во 1999 година во војната го имаа мултиетничко Косово,не негово раситнување по етнички линии,иако тоа во извесна смисла би било знак на континуитет на меѓународната балканска политика:во БиХ таа ги одобри дополнително воспоставените граници настанати преку масакрите и масовните протерувања.Освен тоа,поделбата на Косово не е никакво застрашувачко сценарио на иднината,туку факт веќе со години.Владата од Приштина на северот нема никаква улога,службениците во Северна Митровица се финансирани и управувани од Белград.Албанците како платежно средство го користат еврото,на северот во оптек е динарот.Весниците,банките,автомобилските ознаки,исплатата на пензиите,партиите,се на север доаѓа од Белград.На Белград му е важно во случај на независност на Косово да ја осигури оваа појдовна положба,пишуваат српските медиуми.Еден поранешен словенечки амбасадор пред извесно време изјави дека кон поделба на Косово стремел и поранешниот,во март 2003 година убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Како би течела поделбата на покраината,неодамна објави Горан Свилановиќ,поранешен министер за надворешни работи кај Ѓинѓиќ,кој сега нема изгледи на некоја важна функција и затоа може слободно да зборува.Според него,во случај на независност на Косово, би с еработело всушност за корекција на границите,која би се одвивала во повеќе фази.Северниот дел од покртаината би требало да добие посебен статус,кој би бил проверен по неколку години,по што би можело да се размислува за негово приклучување кон Србија.Ако владата во Приштина се согласи,Србија би ја прифатила независноста на Косово.Ова всушност е план полн комплокации,но барем кај Србите не е без шанси.Во анкета на програмата на ОН за развој лани 35 проценти од Србите се изјасниле против независност на Косово.Под услов Косово да се подели,за оваа идеја би се согласиле 47 проценти,пишува Франкфуретр алгемајне цајтунг.