1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српските политичари со нови идеи за решавање на статусот на Косово

11 мај 2005

Косово е тема што се повеќе ги ангажира српските политичари. Поттик за ова е се поголемата критика дека не се занимаваат доволно со косовскиот проблем и дека немаат никаква идеја за негово решавање.

https://p.dw.com/p/Acqh
Фотографија: AP

Од пред извесно време е присутна формулата помалку од независнот, а повеќе од автономија. Српскиот премиер Воислав Коштуница на тоа дава дополнително објаснување, имено дека решавањето на косовскиот проблем треба да биде резултат на компромис. Тој истакна дека треба да се имаат предвид како интересите на албанскиот, така и на српскиот народ.

„Србија денес се залага и повикува да се изнајде компромисно решение за Косово и Метохија. Трајна стабилност во земјата и во регионот може да се постигне само со решение, според кое ниту една страна нема да добие се и ниту една страна нема да загуби се. Тоа значи дека треба да трагаме по специјално решение, кое обезбедува еден вид проширена автономија за покраината.„

Формулата помалку од независностс, повеќе од автономија се обиде да ја појасни и министерот за надворешни работи на СЦГ, Вук Драшковиќ. Тој појаснува дека тоа би значело поголем степен на локална автономија за Србите во енклавите, враќање на раселените лица и заштита на правата на малцинствата во склад со европските стандарди.

Со проблемите на Косово се занимаваше и Државниот совет за Косово. Иако главна тема на средбата на Советот било враќањето на раселените лица, тој усвои обврзувачка информација со која се спротиставува на влегувањето на Србите во привремените институции на Косово. Одлуката е донесена на предлог на премиерот на Србија, а соодветно на сознанието дека за сега не постојат услови Србите да учествуваат во привремените инситуции. Српската страна со тоа реши да не ги прифати препораките на претставниците на меѓународната заедница, кои за време на посетата на Белград ја нагласуваа важноста на учеството на Србите во институциите. Секако со очекување српската влада да ги охрабри локалното српско население на Косово да се вклучи во институциите. Меѓународната заедница ваквиот став на Белград и порано го сметаше за неконструктивен, а неговите критичари велат дека тој сведочи за тоа дека Белград нема вистински идеи за решавање на косовскиот проблем.

Одлуката на Државниот совет веќе предизвика поделени ставови меѓу Србите на Косово. Дел од Српската листа за Косово вели дека ќе ја прифати одлуката од Белград, додека други сметаат дека само преку влегувањето во инсититуциите е можно да се изврши притисок врз УНМИК. Ако нема Срби во институциите, ако ги нема ни во Парламентот, тогаш лесно може некој да тврди дека се остварени стандардите на демократија. Албанците меѓу себе лесно ќе се договорат по могу прашања и се ќе изгледа многу хармонично и демократски, вели носителот на Српската листа за Косово, Оливер Ивановиќ.