1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Среќната 90-годишна која го преживеа Ковид-19

БГ /АП
7 април 2020

Приказната на 90-годишната Ана Фортунато која го преживеа коронавирусот е охрабрување за сите. Не се предавајте, порачува жената која лекарите веќе ја отпишаа пред да се обидат повторно со неиспитан третман.

https://p.dw.com/p/3abVV
USA Maryland Coronavirus Altenheim
Архивска фотографијаФотографија: Imago Images/Zuma/S. Serio

Ана Фортунато има порака за сите:
„Не се плашете. Не очајувајте“. Оваа 90-годишна жителка на Лонг Ајленд во САД, тукушто беше отпуштена од болница откако ги прележа последиците на Ковид-19.

„Борете се, имајте позитивен став и молете се. И станете од кревет. Не останувајте во кревет цело време. Сакам да ви кажам: Ако можев јас, можете и вие“, порачува Фортунато, чие презиме на италијански јазик значи среќа. Тоа што таа е се уште жива, па уште дели и совети, е изненадување и за самата жена.

„Во болница ми рекоа дека сум била чудо“, вели ќерката на италијански имигранти родена во годината на почетокот на крахот на берзите минатиот век. „Можеби и сум, ама да ви кажам, работев на тоа“, вели таа.

„Само настинка е“

Вдовицата која е мајка на пет деца развила астма на стари години, но освен тоа, биле здрава и силна. Во последната година живеела во дом за стари лица. Таму била редовна во играњето бинго и на казино екскурзиите.
Првите симптоми на коронавирусот ги почувствувала на 13 март. Слушнала за Ковид-19, но не му обрнувала големо внимание.
„Малку ме боли грлото, но настинка е“, и рекла на ќерка и Тереза Гунд на телефон. Но кашлицата и се влошила, па ќерка и побарала од персоналот да повикаат итна помош. 

Coronavirus New York City USA
Полска болница во парк во ЊујоркФотографија: Reuters/J. Moon

- повеќе: Старечки домови: Жртвите од коронавирусот кои никој не ги брои

Кај повеќето луѓе, вирусот предизвикува само лесни или умерени симптоми, како треска и кашлица кои минуваат за две до три недели. Кај некои, особено постари и лица со хронични болести, коронавирусот може да предизвика тешка болест, вклучително и пневмонија.

Третман од очај
Откако и се влошила состојбата, Гунд побарала да и викнат свештеник, но од болницата сметале дека тоа е премногу ризично. Во очај, лекарите одлучиле да и дадат лек против маларија, кој често го споменува и претседателот на САД Доналд Трамп. Неговата ефективност против коронавирусот не е докажана, но дали од тој или некој друг третман, состојбата на Фортунато се поправила. По 13 дена во болница, била отпуштена. 

- повеќе: Коронавирус: Заштитете ги постарите
Ќе потрае уште некое време додека Фортунато да може да си го прегрне семејството, да оди на неделна миса или да игра бинго со своите сожители во домот, кои сега се во карантин поради нејзината болест.
Но таа не се жали. Знае каква среќа имала.
„Имав добар сопруг, и моите деца се прекрасни“, вели Фортунато која ќе наполни 91 година во јуни. „Доживеав да си видам внуци и правнуци. Па затоа сум среќна“.

Животот по короната

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема