Средба Црвенковски-Груевски
13 јуни 2007Реклама
Денеска во македонскиот парламент треба да се одржи средба меѓу македонскиот претседател, Бранко Црвенковски и премиерот, Никола Груевски. Премиерот треба да го информира претседателот за разговорите со американскиот претседател, Џорџ Буш, водени во неделата во Тирана. Средбата на претседателот и премиерот доаѓа по подолг период. Кохабитацијата меѓу Црвенковски Груевски падна во криза по неколку меѓусебни напади и критики.