Средба на министрите за финансии на еврозоната
21 јуни 2012Реклама
Дипломатите сметаат дека владата во Мадрид сега официјално ќе поднесе барање за помош и ќе наведе какви се нејзините потреби. Германската канцеларка Ангела Меркел и‘ вети на Шпанија поддршка во напорите за рекапитализација на банките. Тоа ќе придонесе за поголема сигурност на финансиските пазари, изјави Меркел по разговорот со холандскиот премиер Марк Руте во Берлин.
Вчеравечер десетици илјади Шпанци излегоа на протести против политиката на штедење на владата и скапото спасување на банките. На протестите во 60 шпански градови повикаа двата синдикални сојузи - УГТ и ЦЦОО. Најмногу демонстранти имаше во Мадрид и Барселона.