1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и идниот статус на Косово

29 октомври 2007

Во прегледот на пишувањата во германските дневни весници денеска ги одвојуваме написите во "Ди Велт" за односот на Белград кон Косово и евроинтеграциските процеси поврзани со соработката со Хаг

https://p.dw.com/p/BxjS
Фотографија: dpa

Во текстот во весникот “Ди Велт“ под наслов “ Нашите политичари би требало да го отпишат Косово“ читаме:

“Срспкиот премиер Воислав Коштуница со недоразбирање климнуваше со глава кога слушна дека 25 од 27 земји членки на Унијата ќе го признаат Косово. 37% од србите во моментов се за прекин на дипломатските односи со земјите кои ќе го признаат Косово. Но за Коштуница приоритет во државната политика останува задржување на Косово во границите на Србија, но исто така и на Република Српска. Ди Велт во текстот пренесува изјава на една студентка по режија во Белград која вели: Што ме интересира мене Косово или Република Српска прашува. Неа ја интересира Берлин, Лондон или Амстердам, пишува Ди Велт и додава: Само за здравствено осигурување, без кое не може да добие виза на нејзе и се потребни 105 евра. Нашите политичари велат, би требало да се погрижиме за влез во ЕУ. Но според анкетата на центарот за слободни избори и демократија, 41% од србите би се откажале од членство во Унијата, кога би знаеле дека Косово ќе остане во границите на Србија“ пишува Ди Велт

Истиот весник во врска со потпишувањето на договор за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ, забележува дека Брисел чека на апсење и испорака на Ратко Младиќ. Во текстот натаму пишува:

“ Веќе неколку недели во Србија е отворена телефонска линија, за анонимни информации за воените злосторници. Координаторот за соработка со хашкиот трибунал Владимир Вукчевиќ тврди дека телефонот постојано ѕвони. Но наградата за информацијата за апсење на Ратко Младиќ вредна еден милион евра сеуште никој не ја добил. Во тајните служби, во полицијата, армијата има места од каде протекуваат информации, забележува еден помошник на директорот на полиццијата, кој сака да остане анонимен. Ниту еден србин нема да го продаде Младиќ за пари, тврди еден полицаец од Белград, чиј татко, кој се борел во Босна, загинал на Косово. Мнозинството срби во Малдиќ гледа херој, а не воен злосторник“ читаме во текстот во весникот “Ди Велт“