1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија во потрага по правдата за Косово

1 декември 2009

Во Меѓународниот суд за правда во Хаг денеска (01.12.2009) започна процесот за утврдување на легалноста и легитимноста на прогласувањето независност на Косово на 17 февруари 2008 година.

https://p.dw.com/p/KmyC
Меѓународниот суд на правдата во ХагФотографија: AP

Први на јавното сослушување своите аргументи ги изнесоа претставниците на Србија, а попладнево ќе следи и косовската делегација.

Делегацијата на Србија ја предводат Душан Батаковиќ, амбасадор во Франција и министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ.

Ставовите на Србија ги претстави Батаковиќ. Тој изјави дека Србија го осудува насилството во текот на оружените конфликти против Албанците. Косово од 1990 година е управувано од страна на меѓународната заедница, управа, која според него, е воведена врз основа на илегалната интервенција на одделните земји од НАТО. Косово, повтори уште еднаш Батаковиќ, е колевка на српската историја, а Србите таму станаа малцинство во сопствената држава. Независноста на Косово претставува флагрантно насилство и газење на независноста и сувереноста на Србија. Србија реши својата територија да ја брани со мирни и демократски средства, а Косово, според резолуцијата 1244 на ОН е дел на Србија, нагласи Батаковиќ.

Србија го отфрла тврдењето дека се истрошени сите можности за преговори за статусот на Косово, рече Батаковиќ, оценувајќи дека преговорите, кои почнале во 2005, „однапред биле осудени на неуспех“ поради пристрасниот став на меѓународниот посредник Марти Ахтисари и други преговарачи кои однапред заговарале независност на Косово. Батаковиќ потсети на „погромот против Србите“ од 17 март 2004 година, со констатација дека Косово мора да остане во состав на Србија.

Освен Батаковиќ, кој е историчар и заменик-директор на Институтот по балканистика, во составот на српската делегација се вклучени претставници од Министерството за надворешни работи. Поканети се и правници од Швајцарија, Велика Британија, САД и Германија.

Inernationaler Gerichtshof beginnt Anhörungen zur Überprüfung der Rechtmäßigkeit der Unabhängigkeitserklärung des Kosovos
Српската делегација во ХагФотографија: AP

Косово верува во судот во Хаг

Косовската делегација, пак, ја предводи министерот за надворешни работи Скендер Хисени, кој попладне ќе го започне излагањето на косовските ставови. Хисени за Дојче веле изјави:

„Не чувме ништо ново, она што го чувме е потврда на правото на Косово на независност. Се разбира, и натаму имаме целосна доверба во судот и сигурни сме дека тој ќе ја потврди косовската желба за независност, желбата на косовските луѓе за слобода и независност.“

Косовскиот правен тим го предводи британскиот експерт Мајкл Вуд.

Вкупно 30 држави ќе се изјаснат за време на сослушувањата, меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбеднот на ОН (Кина, САД, Франција, Велика Британија, Русија). Сослушувањата ќе продолжат до 11 декември.

На 17 февруари 2008 година Косово прогласи независност, која до денес е признаена од 63 држави, меѓу кои САД и повеќето земји-членки на ЕУ.

Автор: ЖА/Бахри Цани/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска