1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД ги поставува основите за новите политички предизвици

8 јануари 2007

Изминатиов викенд во Бремен се собраа политичарите на претседателството на СПД на дебата околу новите политички предизвици за 2007 година, и за тоа како да се профилира партијата во рамките на големата коалциија. На состанокот се усвои и нацрт предлогот за нова програма на партијата.

https://p.dw.com/p/AdRK
Курт Бек, шеф на СПД
Курт Бек, шеф на СПДФотографија: AP

СПД има големи намери за 2007 година. Партијата сака повторно да стане посоцијална, да се профилира во рамките на коалицијата и конечно да ги надмине лошите резултати од анкетите. Пазарот на трудот и семјаната политика пак се двете теми на кои социјалдемократите во Германија во наредниот период ќе им посветата поголемо внимание. Така на пример од 2010 година според нив би требало секое дете по неговото раѓање да има пораво на целодневно згрижување.

Скапа намера но приоритет мора да има вели шефот на СПД Курт Бек „Си посакувам се разбира за оние покраини или комуни кои финасиски се послаби, да може да им помогне сојузот. Финасирањето од наша гледна точка изгледа така да слободниот простор да не го искорититме за издавање на осум или десет евра повеќе средства за децата туку да инвестираме во ваквите понуди за згрижување на децата.”

Претходно централниот одбор на партијата постигна согласност за нова стратегија за работниот пазар, според која партијата има предлог за даночни олеснувања за лицата кои долгорочно се невработени или имаат ниски примања.

На средбата во Бремен социјалдемократите усвоија и нацрт за нова програма. Основата на оваа програма е превентивна социјална држава. Градоначалникот на Бремен Јенс Бернсен вака ја појасни оваа идеја „Тоа значи: ние не сме претпријатие за поправка за општествените проблеми. Ако тие веќе се настанати, тогаш се разбира ја преземаме и оваа улога. Но во прва линија ние сме повикани да се грижиме за тоа да не се појават ваквите проблеми. Ние сме повикани да се грижиме да постои еднаквост на шанси за граѓаните.”

Превентивната социјална држава според Социјалдемократите треба да ги спречи ризиците како сиромаштија и невработеност, пред тие да се создадат, на пример предку доживотно учење. Освен ова државата според СПД ќе треба да се јакне и преку даноците и помалку да се финасира од придонестите на вработените.