1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјалната правда – срцевина на политиката на СПД

16 јануари 2006

Водството на германските социјалдемократи денеска го продолжува својот мал конгрес во Мајнц околу политиката за семејството и образованието.

https://p.dw.com/p/AcYU
СПД за социјална правда: претседателот на партијата Матијас Плацек
СПД за социјална правда: претседателот на партијата Матијас ПлацекФотографија: AP

Во врска со темите треба да биде усвоена програма со позиции, меѓу другото и за целосно ослободување од плаќањето такси за детските градинки, а исто така се очекува да биде договорена и програмата за работа за оваа година. На почетокот претседателот на партијата Плацек изјави дека социјалната правда останува срцевина на политиката на СПД. На средбата на СПД како гостин учествуваше и престедателот на германската бискупска конференција Калр Леман. Плацек изјави:

„За нас и натаму централна тема е социјалната правда, а во тој поглед прашањето на подобра килма за децата и политиката кон семејството се од централно значење. Затоа сум благодарен што кардиналот Леман вети да биде наш партнер во разговорите зашто секако не интересира ставот на црквата околу ова прашање„.

Инаку, досега не е правена калкулација како да се обезбеди ослободување од плаќањето такса за детските градинки. По тој повод министерот за финансии Пер Штајнбрик изјави:

„Тоа го заклучивме како владин кабинет, а сега СПД прави обид како партија да заземе став и сметам дека е добро. По тој повод не е првенствено прашањето како буџетски ќе излеземе на крај со тоа„.

Генералниот секретар на партијата Хубертус Хајл од своја страна подвлече дека е основно да се покаже дека социјалниот баланс и економската динамика не се спротивставености, а во однос кон коалициониот партнер изјави:

„СПД се залага за социјална политика во Германија. Не треба да не вознемирува тоа што Унијата барем појмовно ни се приближува. Во практиката ние сме оригиналот, а другите се обидуваат да не копираат и тоа е добро„.

Во врска со работата на новата влада, претседателот на партијата Плацек за ЗДФ оцени:

„Влеговме во оваа сојузна влада и презедовме одговорност и тоа за најтешките ресори како финансиите, работата, социјалата и здравството зашто посакуваме успех на оваа влада за Германија. Сојузната влада имаше добар старт„.