1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сорен Јесен Петерсен и официјално ја превзема функцијата шеф на „УНМИК„ на Косово

16 август 2004

Јасниот статус на Косово според Данскиот дипломат чија последна дипломатска обврска беше функцијата специјален преставник на ЕУ во Македонија, е важен не само за Косово туку и за регионот .

https://p.dw.com/p/Ad6s
Косово
Косово

Косово е клуч за нормализација на состојбата на Балканот, изјави новиот шеф на УНМИК по средбата со претседателот на Косово Ибрахим Ругова

“ Уверен сум по моето 14 годишно искуство во регионот вклучително и Косово, дека тоа е клуч за нормализирање и стабилизирање на Балканот. Јасниот статус на Косово е важен не само за Косово туку и за целиот регион, за луѓето кои тука живеат и за нивните власти“

На Петерсен му е јасно дека има големи компетенции на Косово, но тој ќе се обиде својот авторитет да го преточи во партнерство со косовските власти, што според него претставува база на доверба, меѓусебен респект и транспарентност:

“ Нема само да гледаме да ги реализираме активностите на УНМИК туку ќе пренесеме дел од нив врз косовските власти и ќе видиме како тие ќе ги спроведуваат. Тоа е важно за сите и дури тогаш ќе видиме што е со дефинитивниот статус на Косово“

Косовскиот претседател Ибрахим Ругова по средбата изјави дека тој ќе биде ангажиран во соработката со новиот шеф на УНМИК

“ Ние со Петерсен ќе се консултираме за економскиот развој во иднина, за гарантирањето на инвестициите. Ќе соработуваме и за безбедносните прашања а се разбира и околу пренесувањето на овластувањата во безбедносниот сектор и економијата“

Преставниците на коалицијата "Повратак" пак, од новиот шеф на УНМИК очекуваат да не кокетира со екстремистите и да не брза во барањето решение за Косово. Потпретседателот на косовското собрание Оливер Ивановиќ изјави дека, од Петерсен очекува доследно, а не како што тоа го правеле неговите претходници, селективно, да ја применува резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на ОН.

Петерсен, според Ивановиќ треба да биде свесен дека брзо и лесно решение за Косово нема, бидејќи ако такво нешто било остварливо нема да била потребна интервенција од меѓународната заедница и толкаво воено и политичко присуство во покраината.

Сорен Јесен Петерсен на новата функција доаѓа на местото на Хари Холкери, кој заради здравствени проблеми предвреме ја напушти функцијата.