1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сорен Јесен Петерсен заминува од Косово.

12 јуни 2006

Шефот на УНМИК денеска соопшти дека одлучил на крајот на јуни да ја напушти функцијата , како што истакна поради семејни причини. Петиот шеф на меѓународната администрација на Косово , мина најдолго време на фунцијата , во споредба со сите негови претходници.

https://p.dw.com/p/Adix
Фотографија: AP

„ По речиси две години минати на функцијата , време е да му се приклучам на своето семејство во Вашингтон“- вели данскиот дипломат во писмената изјава објавена денеска во Приштина.

Во изјавата Петерсен изразува уверување дека судбината на Косово е јасна и оти движењето кон демократско и мултиетничко општество повеќе од кога и да е порано е во добри раце , на народот и политичките лидери на Косово .

Шефот на УНМИК, уште истакна дека полага многу надежи во иднината на Косово.

Сорен Јесен Петерсен инаку е петиот специјален пратеник на ОН кој раководи меѓународната администрација во покраината , по косовската војна во 1999 година . Тој притстигна во Косово на 15 август 2004-та година и на функцијата шеф на УНМИК мина повеќе време отколку кој и да е негов претходник .

„Честопати ме прашуваа дали ќе бидам последен специјален пратеник на ОН за Косово . Можам да кажам дека јас го отворив последното поглавке на мисијата на УНМИК на Косово и оти сум сигурен дека мојот наследник ќе го затвори“ – изстакна Петерсен .

Данскиот дипломат уште неведува дека е свесен дека заминува во важен момент за историјата на Косово , но изрази уверување дека политичкиот процес кој води кон решавање на статусот е на добар пат.