Смени во Јаху поради лажно образование
14 мај 2012Скот Томпсон беше подложен на притисок повеќе од една седмица, откако беше утврдено дека во неговата биографија има неточна информација. Еден од акционерите откри дека Томпсон нема диплома за високо образование од областа на информатичките технологии, како што напишал во неговата биографија.
Од бордот на директори, наместо до крајот на годината, предвремено со Томпсон заминаа и други пет лица. За сите нив неколку години циркулираат информации дека има неточности во нивните биографии.
Томпсон им испрати меморандум на вработените во кој им се извинува за непријатностите предизвикани од новинарските натписи. За вршител на должноста главен извршен директор е назначен Рос Левинсон, кој до сега беше директор на одделот на Јаху за светски медиуми. Фред Аморозо, кој е нов претседател на управниот совет на компанијата, ја водеше внатрешната истрага на компанијата за неточните податоци во биографијата на Скот Томпсон.
Иако Јаху останува една од најпосетените веб страници, финансиите во компанијата и вредноста на акциите претрпеа штета соочени со конкуренцијата како Гугл и Фејсбук.