1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија – Шенген

2 мај 2005

Новајлијата во Европската унија се подготвува за обезбедување на шенгенската граница. Скапа постапка, зашто земјата за тоа ќе мора да оддели 400 милиони евра

https://p.dw.com/p/AcrO

Две униформи – една патрола. На италијанско-словенечката граница службеници на двете држави заеднички се на служба. Зелената граница заеднички се надгледува, што се покажа добро, вели службеникот на италијанската Гарда ди финанца:

„Секој месец два или трипати патролирам со словенечките полицајци. Нема многумина италијански службеници што зборуваат словенечки. Јас сум израснат во пограничниот појас, па од мал знам по нешто од словенечкиот јазик„.

Две униформи, два плана за работа, два јазика, две култури: сепак се чини дека полицајците се разбираат, веројатно помага тоа што имаат иста задача. Тие треба да одземаат дроги, да задржуваат илегални доселеници или да одземат фалсификувани документи.

Во средината на едно поле се уште постои погранична кулоа од времето на Југославија, но на многу други места нема ниту бодликав тел. Полицајите велат дека на тоа место често се шверцуваат украдени автомобили. Но, по 20 месеци ќе бидат отстранети и послендите гранични столбови. Слоевенечко-италијанската граница ќе се претвори во заедничка во рамките на шенгенскиот простор. Словенечката полиција потоа тврдината Европа ќе ја штити на делот кон Хрватска. Дали словенечкиот службеник ќе се пресели?

„Не знам што ќе се случи во 2007. Ние сме ангажирани во различни подрачја, не само на границите. Освен тоа, во цела Слоенија ќе има конторли, како што предвидува договорот од Шенген. Веројатно ќе бидам контролор во внатрешноста на земјата„.

Повеќе знае Дарко Поштрак во Љубљана. Тој смета дека за обезбедувањето на надворешната граница на ЕУ од словенечката страна ќе бидат потребни околу 3 илјади полицајци. 500 ќе бидат повлечени од север, запад и исток. Најнапред младите и оние што немаат семејства. Но, што ако не сакаат да одат доброволно? Дарко Поштрак вели дека не е едноставно да се одговори на тоа:

„Различно е кај секој полицаец: мнозинството ќе прифатат. Но, ако некој има поинакво мислење ќе и биде препуштен на полицијата„.

Така е и со другите професии, вели шефот на граничната полиција. Според неговата пресметка, обезбедувањето на словенечката граница во рамките на шенгенскиот договор, ќе чини околу 414 милиони евра, скоро 130 се веќе финансирани од ЕУ: за апарати, скенери и обука. До 2007 има време, а полицајците на словенечко – италијанската граница, главно имаат еден проблем: од влезот на Словенија во ЕУ пред една година, постојано мораат да објаснуваат зошто се уште се потребни контроли на границата.