1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија може да го воведе еврото

17 мај 2006
https://p.dw.com/p/AeLr
Фотографија: AP

Словенија е подготвена да го воведе еврото на први јануари 2007 година, затоа што ги исполнува условите од европскиот договор. Литванија, наспроти тоа, мора да чека – препорача Европската комисија. Високата инфлација во Литванија е најголемиот виновник за ваквата одлука на комисијата. Литванската влада сеуште стои на своето дека стапката на инфлација и е само нештоп повисока од бараното и на самитот на ЕУ во јуни и натаму ќе се бори за воведување на еврото.

Словенските политичари реагираа позитивно на препораката на Европската комисија. Премиерот Јанез Јанша изјави дека тоа ќе придонесе за поголем углед на земјата во светот. Стопанствениците во воведувањето на еврото гледаат само поедноставување на финансиското работење, додека потрошувачите стравуваат дека со воведувањето на заедничката европска валута може да дојде до големо поскапување.