1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија и ја предава палката на Франција

Горан Петрески 30 јуни 2008

Словенија го завршува шестмесечното претседателство со ЕУ. Со Европската унија од 01. 07. 2008 раководи Франција. Какви се досегашните придобивки и што оваа промена ќе и донесе на Македонија?

https://p.dw.com/p/ETDb
ЕУФотографија: European Communities

Престојната промена за претседателствувањето со ЕУ, Македонија ја дочекува како земја кандидат за членство, без реална прогноза кога ќе добие датум за старт на преговорите. Словенија и го предава мандатот на Франција. Земјата докажан македонски лобист ја наследува една од европските сили што отворено застана на грчката страна во спорот со името. Тоа уште повеќе ги загрозува перспективите до крајот на годината Брисел да и додели датум за почеток на преговори на Македонија.

Францускиот амбасадор во Македонија, Бернер Валеро сепак најавува дека неговата земја ќе работи на приближување на Македонија кон ЕУ. „Од една страна ќе настојуваме Македонија да ја придружуваме, поддржуваме и помагаме за таа да може да одговори на критериумите поставени од Европската комисија, т.н. фамозни бенч-маркс“. изјави Валеро.

Франција ќе и помогне на владата којашто е во процес на формирање да може да работи многу брзо. Втората насока кон којашто ќе се фокусира Франција е либерализиаицја на визниот режим.

Словенија лобист за Македонија

Словенија, земјата што претседаваше со ЕУ во првата половина од годината жали што Македонија не успеа уште повеќе да се приближи до ЕУ за време на нејзиниот мандат.

„Жалиме што една држава има проблеми во однос на името. Името во последниве неколку седмици стана проблематично. Имавме врв во Букурешт со правото за вето, а тоа се пренесе и во ЕУ. Без оглед на ова, заклучоците на Европскиот совет се позитивни за Македонија. Дадена е позитивна перспектива дека ако до крајот на годинава ги реши 8-те барања и спорот со името, ќе добие датум за пристапни преговори догодина“, рече Алан Бергант, словенечкиот амбасадор.

Македонската дипломатија инсистирта кај европските партнери и лобисти дека спроот со името не треба да се поставува како услов за евро интеграција на земјата, затоа што не е дел од критариумите од Копенхаген.