Славенка Дракулиќ добитничка на наградата на Самот на книга во Лајпциг
18 март 2005
„Мојата генерација израсна не познавајќи го минатото. Историјата која ја учевме беше обична лага . Дури сега разбирам како покрај недостаток на факти лесно може да се започне војна-пишува Славенка Дракулиќ во својата последна книга . А со војната оваа писателка се занимава веќе десет години , и на таа тема објавила пред наградениот уште два романи- Балкан Експерес и како да ме нема.
Најноват книга вели претставува логично продолжение:
„ Многу напишав на темата војна , речиси исклучиво во последните десет години и тогаш си поставив едно прашање кое не интересираше сите нас „ Кои се впрочем луѓето кои издаваа наредби за злосторствата или пак самите ги извршуваа. Нормално е човек да се праша кои се тие луѓе , дали се тоа нормални луѓе , дали се тоа монструми , дали воопшто се човечки битија“
Додека ја пишувала книгата Дракулиќ минала 5 месеци во Хаг , каде што ги следела воените злосторства на подрачјето на поранешна Југославија :
„ Во книгата не навлегував премногу во историските околности бидејќи други веќе за тоа напишаа и подобро од мене . Таа книга нема ниту некој политички аспект , туку се задржав токму на конкретни личности . Тоа се портрети на лицата.
Тоа е љубопитност која не ме мачеше само мене , туку го мачи и секој човек. Едноставно се прашуваш – ако тие навистина се луѓе , тоагаш се наметнува наредното прашање – Дали јас како обичен човек . во одредена ситуација би можел да го направам истотот“
Славенка Дракулиќ инаку е еден од најреномираните хрватски писатели во светот. Родена е 1949 во Риека , завршила социологија и компаративна книжевност во Загреб а денес живее меѓу Стокхолм , Виена , Загреб и Истра . Таа е во брак со шведскиот новинар и книжевник Рихард Шварц .
Таа е постојано присутна на хрватската книжевна сцена иако долги години не минува долго време во Хрватска.