Скијоринг: на цена се брзината и храброста
10 март 2013Скијоринг е екстремен зимски спорт.
„Бара многу сила. Многу е напорно“, вели една млада Скијоринг ентузијастка.
„Морам многу да внимавам да не ми летне нешто в лице“, објаснува друг скијач.
Скијачот мора да стои цврсто на своите нозе, затоа што мотоциклистот кој го вози се движи со брзина и до 70 километри на час.
Скијоринг потекнува од Скандинавија. До пред стотина години скијачите беа придвижувани од еден коњ. Денес, во тирингиските планини, се работи за далеку повеќе коњски сили.
„Ова е еден комерцијален моторцикл, со специјални гуми, добар скијач, едно јаже и многу храброст, би рекол“, објаснува мотициклистот.
Храброста е потребна, но исто така и добро чувство за рамнотежа. На крајот победува оној тим кој ќе биде најбрз, но и оној кој ќе покаже најдобар стил.
„Не смеете постојано да бидете зад моторот затоа што сиот снег и калта ќе ве удираат в лице. Морате да ја менувате положбата при возењето, да ги менувате страните“, раскажува еден од скијачите.
Скијоринг во Германија се‘ уште е релативно непознат спорт. Во покраината Тирингија ентузијастите не се натпреваруваат за пари, туку за задоволство на патеката.